Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
Температурите го достигнуваат максимумот. Граѓаните во Македонија ги живеат најтоплите денови оваа лето. Кога топлината ќе го надмине 40-от степен сите реагираат лошо и хронично болни и здрави и стари и млади предупредуваат лекарите.
Најмногу се загрозени стари луѓе и хронично болните, трудниците. И здрави луѓе тешко ги поднесуваат овие температури. Ние докторите советуваме да бидат во климатизирани простории, хронично болните редовно да си ја земаат терапијата. Да не се изложуваат на сонце и воопшто да не одат надвор. Гледам и стари луѓе одат надвор и викаат не ми е ништо, но не е така паѓаат и колабираат, изјави д-р Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина.
Повозрасните граѓаните кои ги анкетиравме велат дека тешко се справуваат со горештините.
Тешко, многу тешко ги поднесуваме, вели повозрасна жена.
Пиете ли доволно течности? – Не пијам многу течности, треба да пијам повеќе, додава таа.
Од скопската Брза помош информираат дека дневно нивните екипи интервенираат кај 3-4 колапси на јавни места.
Според прогнозата од УХМР температури над 40 степени ќе имаме до сабота кога ќе настапи заладување на времето.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар