Македонија и Албанија заеднички ќе ги решаваат проблемите во охридскиот регион
Националните комисии за УНЕСКО на Македонија и Албанија на прв заеднички состанок во Охрид
Останува се поизвесно дека Охридскиот регион Унеско ќе го стави на листата светско наследство во опасност. Министерката за култура Стефоска најави дека иако дел од препораките се исполнети има и такви кои се уште не се исполнеи посочувајќи дека не е задоволна од работата на централните локалните власти и институциите и дека потребна е подобра координација.
Министерот за животна средини Нуредини пак не одговори чија е одговорноста што гори депонијата Буково, а струшката сеуште не е дислоцирана иако во извештајот на Унеско беше посочено дека треба да бидат затворени до 2020 година.
Според Павлов од Комисијата за управување со охридскиот регион самиот извештај и препораките е потврда дека не сме успеале да ги завршиме обврските.
Инаку Националните комисии за УНЕСКО на Македонија и Албанија денеска во Охрид потпишаа заедничка изјава со која се обврзаа заеднички да работат на остранување на сите тековни и наследени предизвици за заштита и зачувување на статусот на светско наследство на Охридскиот Регион.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
