Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници

Зајакнување на оперативната соработка, побрза размена на податоци, олеснување на трговијата и унапредување на безбедноста на границата беа во фокусот на билатералната средба на царинските управи на Македонија и Косово, одржана во Приштина.
-Особено внимание беше посветено на One-Stop Shop концептот на граничниот премин Блаце – Хани и Елезит, како заедничка иницијатива која има за цел поедноставување на процедурите и побрз проток на стока и патници. Двете страни разговараа и за унапредување на размената на податоци преку SEED, усогласување на процедурите и подобрување на инфраструктурата и капацитетите на граничните премини, се наведува во соопштението од Царинската управа.
Во делот на европската интеграција, биле разменети искуства и информации за реформите и дигитализацијата на царинското работење, вклучително и подготовките за усогласување со европските системи и стандарди.
Важен дел од разговорите бил посветен и на зајакнувањето на соработката во областа на царинското разузнавање и размената на информации, со цел побрзо откривање и спречување на царински измами, криумчарење и други форми на прекуграничен криминал.
-Границата треба да биде што е можно поедноставна за легалната трговија и патниците, а истовремено силна и ефикасна бариера против криминалот. Преку навремена размена на информации, дигитални алатки и меѓусебна доверба можеме дополнително да ја зајакнеме соработката и да придонесеме за поголема безбедност и олеснување на трговијата во регионот- истакнал директорот на Царинската управа Бобан Николовски.
Двете царински управи ја потврдиле подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и реализација на конкретни активности за поефикасни царински постапки, олеснување на трговијата, зајакнување на безбедноста и поддршка на европската интеграција на регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
