Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција

Министерот за правда Игор Филков и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска во Влада таја потпишаа Рамковна конвенција за вештачка интелигенција на Советот на Европа - прв обврзувачки меѓународен инструмент, кој поставува јасни принципи и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција.
Рамковната конвенција ги надополнува постојните меѓународни стандарди за човекови права, демократија и владеење на правото и има цел да ги пополни сите правни празнини што може да произлезат од брзиот технолошки напредок. За да го издржи тестот на времето, Рамковната конвенција не ја регулира технологијата и е во суштина технолошки неутрална.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, на потпишувањето нагласи дека Северна Македонија е 46. земја што се приклучува кон Конвенцијата, што потврдува дека вештачката интелигенција мора да му служи на човештвото.
- Усвојувањето е само почеток, сега ќе биде приоритет да се направи ратикфикација и спроведување. Се наоѓаме среде технолошка револуција, поттикната од дигитални технологии, каде што вештачката интелигенција бргу се развива - побргу од демократските заштитни мерки. Вештачката интелигенција веќе го обликува начинот на кој носиме одлуки, институциите и довербата и одговорот не е да покажеме отпор на ова транформација. Задача ни е вештачката интелигенција да ја направиме одговорна во согласност со човековите права, демократијата и владеењето на правото. Таа порака Северна Македонија ја праќа денеска - изјави Берсе.
Филков на потпишувањето во Владата изјави дека правната рамка, унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото мора да го следат темпото на брзиот технолошки развој и дека Конвенцијата претставува историски исчекор во таа насока.
- Што значи ова за Република Северна Македонија? Пред сè, значи дека воведуваме јасни гаранции дека вештачката интелигенција ќе се користи на начин што ги почитува човековото достоинство, еднаквоста и недискриминацијата. Граѓаните ќе имаат поголема заштита на приватноста и на личните податоци, како и пристап до ефективни правни лекови доколку нивните права бидат повредени - порача Филков.
Конвенцијата, посочи Филков, им овозможува на државите да ги приспособат мерките во согласност со своите правни и институционални системи, а притоа да ги почитуваат универзалните стандарди.
- Ова е од клучно значење за ефективна имплементација и одржливи резултати. Свесни сме дека пред нас стои сериозна работа. По потпишувањето, ќе следува темелна предратификациска анализа и процес на усогласување со нашето национално законодавство. Ќе бидат вклучени сите релевантни институции, експерти и фактори, со цел да обезбедиме квалитетна и сеопфатна примена на обврските што произлегуваат од Конвенцијата - изјави Филков.
Потпишувањето, посочи Филков, отвора простор за засилена меѓународна соработка - ќе разменуваме знаење, искуства и добри практики со други држави, со што ќе го унапредиме управувањето со новите технологии и ќе обезбедиме безбедни иновации.
- Денес, испраќаме јасна порака: технолошкиот развој мора да биде во служба на граѓанинот. Иновациите мора да бидат безбедни, етички и одговорни. Да ги избегнеме ризиците, но, пред сè, да ги искористиме придобивките - за подобри јавни услуги, поефикасно правосудство и посилна демократија - изјави Филков.
Усвоена од страна на Комитетот на министрите на Советот на Европа во мај 2024 година и отворена за потпишување на 5 септември 2024 година, Конценвијата досега е потпишана од Европската Унија, САД, Андора, Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Швајцарија, Украина, Обединетото Кралство, Канада, Израел, Јапонија и Уругвај.
МИА
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
