Македонија
12. July 2023 - 16:31

Македонија од утре во портокалова фаза, Владата со препораки до бизнисот и граѓаните

Бремените и постарите од 60 години да бидат ослободени од работа. Да не се работи на отворено, а децата во градинките да не практикуваат физичка активност надвор во најтоплиот период од денот. Ова се само дел од препораките на Владата и за јавниот и за приватниот сектор за да се намалат последиците од високите температури кои ја зафатија државата. Од утре до недела Македонија ќе биде во портокалова фаза. Од Комисијата за заштита од топлотни бранови повикуваат и на почитување на општите препораки.

-Да се пијат многу течности, вода и доколку имаат потреба грашаните да излезат од 10 до 17 часот да носат светла облека и капа и очила, изјави проф. д-р Михаил Кочубовски, претседател ан Комисијата за заштита од топлотни бранови.

Професорот Кочубовски советува клима уредите да се користат правилно и температурата во затворените простории да не биде пониска од 25 степени, ако надвор е 40.

-Да не правиме шокови на организмот. Ако треба да излегуваме да ја исклучиме климата барем полонина час пред излегување за да може да се адаптираме на приближната температура, вели професорот Кочубовски.

Според лекарите колабирање, сончаница, исцрпеност, топлотен удар, грчеви во нозете се состојбите кои можат да настанат од горештините.

Освен температурите наредните денови многу високо 10 ќе биде и штетното УВ зрачење.