Македонија
27. February 2026 - 16:43

Македонија се приклучи на спортските игри за млади

Македонија ќе биде дел од спортските аматерски игри за деца кои оваа година во август ќе се одржат во Сплит. Станува збор за иницијатива која трае веќе 27 години и собира повеќе од 2,5 милиони деца од регионот. На врсниците од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија од ова лето им се приклучуваат и децата од Македонија. 

Договорот за пристапувањето на Македонија во Владата беше потпишан пред бројни спортски имиња кои значат многу во регионалниот спорт, како кошаркарската тренерска легенда Жељко Обрадовиќ, хрватскиот фудбалски стратег

Славен Билиќ но и многу спортисти која во врвот на својата кариера ја радувале македонската публика.

Свое обраќање имаше и некогашниот еврокомесар, кој денеска е амабассадор на спортските игри

Спортските игри за млади се настан кој има за цел преку спортот младите да учат за вистинските вредности. Настанот секое лето покрај децата ги привлекува и најголемите спортски ѕвезди кои уживаат во држењето со најмладите.