Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција

Македонија значително заостанува не само зад просекот на Европската Унија туку и зад балканските пазари во однос на подготвеноста на државата за е-трговија поддржана од вештачката интелигенција.
Според AI Preparedness Index (AIPI) - индексот што го воведе Меѓународниот монетарен фонд во 2023 година и кој ја мери подготвеноста на земјите да ја применуваат вештачката интелигенција на одржлив и инклузивен начин, Македонија има просек од 0,48.
Европските лидери како Данска, Естонија и Холандија имаат индекс над 0,76, а од државите во Западен Балкан најдобри резултати на овој план покажува Босна и Херцеговина.
Според Асоцијацијата за е-трговија, ова укажува дека бизнис-екосистемот во земјата сè уште нема доволно капацитет целосно да ја искористи вештачката интелигенција во е-трговијата за персонализација, автоматизација, анализа на податоци, логистика и управување со ризици. Главните ограничувања се поврзани со дигиталната инфраструктура, иновативниот капацитет и интеграцијата во глобалната дигитална економија иако постојат позитивни сигнали во делот на човечкиот капитал и адаптацијата на пазарот на труд.
- Е-трговијата во Македонија бележи силен раст, но следната фаза мора да биде фокусирана на квалитет, доверба и одржлив развој, не само на квантитет. Вештачката интелигенција не е технологија на иднината, таа е реалност денес што го менува начинот на кој функционира дигиталната економија. Нашата задача е да им помогнеме на е-трговците, институциите и на потрошувачите да бидат подготвени за оваа трансформација преку приближување на клучните трендови и континуирана едукација, иницијативи и кампањи - вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија, Нина Ангеловска-Станков.
Од друга страна, податоците во прегледот на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од страна на Асоцијацијата за е-трговија, покажува дека 63,2 проценти од интернет-корисниците во земјата купувале онлајн во 2024 година, што ја позиционира Македонија меѓу водечките пазари во регионот по учество на онлајн-купувачи, иако е сè уште под европскиот просек.
Ново на Сител
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
-

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони
-

Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
-

Вембањама доживеа потрес на мозокот во натпревар од плејофот на НБА
-

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
