Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков

Фолклорната група „Илинден“ од Мисисага, Торонто, во која членуваат главно млади по потекло од Мала Преспа постигна голем успех на Меѓународниот фолклорен фестивал во Краков, Полска, освојувајќи ја првата награда.
- Со автентични македонски ора, носии и песни, групата ги воодушеви жирито и публиката, покажувајќи го богатството на македонската традиција. Во составот на групата играат млади Македонци чии корени се од Мала Преспа, област во Албанија со вековно македонско население, објави весникот „Македониум".
Додава дека овие млади луѓе, чии семејства се иселиле во Канада, со својот ангажман ја чуваат и пренесуваат македонската култура и идентитет, и покрај генерациската и географската оддалеченост од родниот крај.
Претставниците на групата се чувствуваат горди што успеаја да го претстават македонското културно наследство пред интернационална публика.
- Фестивалот во Краков, еден од најреномираните фолклорни настани во Европа, годинава собра групи од повеќе земји, а триумфот на „Илинден“ е потврда за квалитетот и автентичноста на македонскиот фолклор, без разлика дали се негува во Македонија, Албанија или во иселеништвото во Канада, наведува „Македониум".
МИА
Ново на Сител
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
