Македонската кикбокс маитаи федерација на прием во Владата
Претседателот на владата Христијaн Мицковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски денес остварија прием со раководството и медалистите на кикбокс маитаи федерацијата на Македонија која зема учество на Светското јуниорско првенство во Унгарија од 23 август до 01 септември.
Раковoдството го сочинуваа претседателот Дејан Митровски Урко, секретарот Драган Атанасовски еден од помошните тренери Александар Димовски и судијката Елена Костадиновска, заедно со медалистите од светското првенство Силвио Мировски, Марија Димовска, Лука Змејковски и Максим Митровски.
- Разговарано беше за унапредување на кикбоксот и маитаи спортовите. Имаме голема подршка во кик боксот од страна на премиерот Хкистијан Мицковски и министерот Борко Ристовски, која ветуваме дека ќе ја оправдаме со резултати и многу победи медали и пехари победничи промовирајки ја нашата земја на сите меѓународни првенства со интонирање на македонската химна и кревање на македонското знаме, изјави претседателот на кикбокс маитаи федерацијата Дејан Митровски Урко.




Ново на Сител
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
