-->
-->
Maкедонската младинска репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство
-->
Младинската ракометна репрезентација на Македонија славеше со 30-29 против Франција и го освои деветтото место на Европското првенство кое се одржа во Словенија.
Херој на Македонија беше голманот Иван Галевски кој одбрани пенал во последните моменти од натпреварот.
Македонија со овој триумф го обезбеди деветтото место на ЕП.
Со по осум голови Митев и Субашевски беа лидери на Македонија, а нив го следеше Узунчев со пет голови. Четири додаде Калајџиески.
Со оваа победа се комплетира успешниот настап на македонската репрезентација на првенството во Словенија.
Избраниците на Раде Стојановиќ натпреварувањето го завршуваат со само еден пораз, четири победи и две ремиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
