Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО

Навивачите како и играчите секоја година за време на овие празници се далеку од дома поради настапите на светски и европски првенства па токму затоа на ваков импровизиран начин се одбележа традицијата.
Фалангата организираше своја церемонија на базен во Хернинг. Крстот во базенот го положи Ристо Шиц. Во базенот по крстот скокаа петнаесетина членови на „навивачката фаланга“. Најбрз и најсреќен беше најмладиот, Марко Арсовски кој има 13 години.
Марко беше пресреќен и во изјава за Сител посочи:
,,Ова е прв пат да скокам по крстот. Неизмерно сум среќен што токму на првото фрлање бев најбрз. Чувството беше прекрасно, среќен сум што фалангата ми дозволи да скокам со нив. Посакувам здравје, среќа, подобар живот и победа на Македонија. Ќе скокам по крстот и следната година“.

Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
