Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти
Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан.
Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин.
Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време).
Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас.
По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото.
Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапка.
Ново на Сител
-
Што ја гуши Преспа со Ана Каранфилова Мазневска | Неформално | Sitel Podcast 113
-
Вучиќ: Декларацијата на Хрватска и Словенија е непријателска кон Србија
-
Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага