Македонија
6. September 2025 - 14:33

Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста

Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември - Денот на независноста. 

Во 18 часот ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

- Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста - 8 Септември, информираа денеска од Генералштабот на Армијата.