-->
-->
Македонски државјанин се удави во близина на Драч
-->
Вчеравечер на плажата кај Каваја, во близина на Драч се удави македонски државјанин.
- Немилиот настан се случил во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегување во вода, се наведува во полициското соопштение.
Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт.
Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид, по што се очекува телото да биде дадено на обдукција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата