-->
-->
Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-->

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано, Италија.
Топузовски настапи во сениорска конкуренција, во категоријата до 100 килограми, каде што се соочи со силна меѓународна конкуренција.
Овој успех е продолжение на неговите одлични резултати на меѓународната сцена.
Во 2023 година, Марко освои златен медал на Европското првенство во кинеско борење за сениори, исто така одржано во Италија.
Со освоениот бронзен медал, Топузовски уште еднаш го претстави македонскиот спорт на светската сцена и потврди дека македонските борачи имаат свое место меѓу најдобрите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
