Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки

Македонскиот извоз на фудбалери е меѓу Топ 50 во глобални рамки, покажува најновиот извештај на Фудбалската опсерваторија ЦИЕС.
Според податоците на ЦИЕС, бројката на македонски фудбалери кои во моментов настапуваат во странство изнесува 81 и тоа е за седум помалку споредено со 2021 година.
Македонските фудбалери настапуваат во 21 лига во странство, а најмногу ги има во Албанија, вкупно десет.
Во Турција настапуваат осум македонски фудбалери, а по шестмина во БиХ, Србија, Романија и Хрватска.
Бразил има најмногу играчи во странство, 1.455, по што следат Франција, Аргентина, Шпанија, Англија, Нигерија, Германија, Колумбија, Португалија и Холандија.
Со истражувањето на ЦИЕС се опфатени 135 лиги од 88 национални асоцијации во светски рамки.
Податоците од статистичкиот завод со седиште во Швајцарија беа објавени во средата, еден месец пред почетокот на Светското првенство.
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
