Македонскиот професор Чапаровски станува активен член на Светската академија за неврохирургија
Професорот д-р Александар Чапаровски е избран за активен член на Светската академија на неврохирурзи (WANS) – едно од најпрестижните тела во светската неврохирургија. Тој е првиот и единствен член од Македонија кој е примен во оваа Академија.
Ова исклучително признание му е доделено врз основа на неговите професионални заслуги, академски придонеси и меѓународен углед, а изборот е потврден со мнозинство гласови од членовите на Академијата.
Со тоа, проф. Чапаровски станува дел од врвните имиња во светската неврохирургија.
Официјалната потврда и врачувањето на сертификатот се случи на меѓународна конференција на WANS 07.07.2025 во Цирих, Швајцарија, каде што тој ќе одржи и свое научно предавање.
Со ова членство, Чапаровски не само што ја претставува Македонија на глобалната сцена, туку и ги отвора вратите за понатамошен развој и унапредување на неврохируршките техники и технологии во регионот.
Ново на Сител
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени