Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2028.
Противник на „црвено-жолтите“ вечер е селекцијата на Луксембург.
Капитенот Филип Кузмановски верува во победа, како на вечерашниот дуел , така и на гостувањето кај Грција во второто коло.
- Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања, и сакаме да го продолжиме тоа. Искрено мислам дека напредуваме од првенство на првенство, се создаде една нова генерација, позрели сме, поискусни и нормално дека посакуваме сега да обезбедиме уште едно учество на европско првенство, изјави Кузмановски.
Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.
Во вториот натпревар од овој квалификациски прозорец, македонските ракометари в недела ќе и гостуваат на Грција.
МИА
Ново на Сител
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
