-->
-->
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-->

Македонската ракометна репрезентација во последниот натпревар од првата фаза на Светското првенство без потешкотии ја совлада репрезентацијата на Кувајт со конечен резултат 29:20 во наша полза. За играч на мечот беше прогласен Кузмановски, кој со 12 гола беше прв стрелец, но во нашиот табор блесна и голманот Кизиќ кој запиша 14 одбрани.
За потсетување, во останатите натпревари од првата фаза нашата репрезентација одигра нерешено со екипата на Унгарија, а беше поразена од Холандија.
Во следната фаза Македонија ќе игра против селекциите на Франција, Катар и Австрија. Првиот натпревар од оваа рунда, Македонија го игра 21. јануари, исто така во Вараждин Арена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
