Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун
Група од четири, веројатно малолетни лица, доцна синоќа со камења нападнале автобус со српски туристи на автопат на излез од Солун, а полесно се повредени три лица, меѓу кои вториот возач и две патнички, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, автобусот се враќал од Халкидики кон Србија, а инцидентот се случил на стариот излез за автопатот Солун-Верија.
Фрлените камења биле големи и скршиле прозорци, а од стаклото вториот возач бил повреден во пределот на устата и префрлен во болница, додека пак двете туристки биле полесно повредени и не побарале лекарска помош.
Државната новинска агенција АНА-МПА објави дека полицијата привела две лица, но биле ослободени бидејќи не биле пронајдени докази против нив, а истрагата продолжуваа за да се идентификуваат сторителите.
МИА
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Вечерва во Штип, хуманитарен концерт во сеќавање на Тоше Проески
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов