Македонија
24. November 2026 - 11:41

Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект на Водостопанство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе извештај против двајца малолетници од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.

На 02.11.2026, пријавените предизвикале пожар во напуштен објект на Водостопанство, при што едното снимало со мобилен телефон, соопшти МВР.