Малолетници затекнати пијани во локал во Карпош, едно лице пренесено на Токсикологија

Денеска (01.11.2026), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетни лица во угостителски објект на подрачјето на општина Карпош, извршиле контрола во објектот, при што затекнале малолетни лица во видно алкохолизирана состојба.
Во Полициската станица Карпош биле приведени осум лица. При извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот, соопшти МВР.
Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“.
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
