Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.
Анкетата е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.
Според анкетата, кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните лица секојдневно го користат интернетот во домаќинството. Најголем дел или 78,2 проценти во просек поминуваат до пет часа дневно приклучени на интернет.
Свесност за софтвер за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет, постои кај 63,5 проценти од испитаниците. Ваков софтвер имаат инсталирано 25,9 проценти од домаќинствата, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, 58,6 проценти би инсталирале. Од оние испитаници кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, 17,3 проценти знаат каде можат да најдат ваков софтвер.
Како што стои во наодите од анкетата, интернет во домаќинството користат 94,1 процент од испитаниците. Најголем дел се корисници на А1 (39,3 проценти) и Македонски Телеком (37,8 проценти), додека 12,8 проценти се корисници на интернет од Телекабел. Иако не сите испитаници имаат интернет приклучок во домот, 99,9 проценти користат интернет. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, 36,6 проценти знаат која е брзината на интернет конекцијата што треба операторот да ја обезбеди, а од нив 87,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество на податоци од интернет провајдерот, се наведува во резултатите.
Нешто повеќе од една четвртина или 27,4 проценти од испитаниците се соочиле со некаков проблем при користење на интернет во домаќинството, односно во 2025 година 72 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството.
- Најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (19,8 проценти), прекини/недостапност на услугата (16,1 проценти), и проблеми со техничката опрема (7,9 проценти). Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 47,5 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и кај 54,7 проценти проблемот бил отстранет истиот ден, стои во клучните наоди од анкетата.
Приближно една четвртина или 24,3 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот оператор, а потполно задоволни се 40,1 процент од нив. Писмен приговор упатиле само еден процент од испитаниците, стои во резултати од анкетата на АЕК.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари, охрабрувам да се пријават подготвените за овој процес
-
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол