Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу

Две државјанки на Перу се лишени од слобода на Граничниот премин Ќафасан откако при контрола во нивниот багаж била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, на 27 октомври на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан извршиле преглед на комбе во кое патувале Л.Р.Ф.М. (27) и П.П.Д.А. (26), двете државјанки на Перу.
При контролата, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било откриено едно пакување со марихуана.
По откривањето на дрогата, двете лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Струга, каде биле задржани за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
