Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу

Две државјанки на Перу се лишени од слобода на Граничниот премин Ќафасан откако при контрола во нивниот багаж била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, на 27 октомври на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан извршиле преглед на комбе во кое патувале Л.Р.Ф.М. (27) и П.П.Д.А. (26), двете државјанки на Перу.
При контролата, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било откриено едно пакување со марихуана.
По откривањето на дрогата, двете лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Струга, каде биле задржани за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
-

Македонија ќе добие вакцини БСЖ со помош на УНИЦЕФ
-

Премиерот Мицкоски очекува стапката на раст на цените да остане помеѓу најниските во регионот
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
