-->
-->
Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство
-->

Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата.
Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот.
- Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е сериозно повреден во вооружен напад во нашата покраина, соопшти канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар.
Прво биле пронајдени две жени со прострелни рани на патот во селото Јукаритандир. И покрај тоа што биле итно префрлени во болница, двете им подлегнале на повредите.
Уште три тела се пронајдени во селото Кијир, и уште три во селото Ајазини.
Едно лице е пронајдено во критична состојба и е превезено во болница.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
