МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE, информира денеска МАСИТ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.
„Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан Манчевски, член на Управниот одбор на МАСИТ, кој ги претстави најновите показатели за растот на секторот, неговото влијание врз економијата и трендовите што го очекуваат во наредниот период.“
Според анализата на МАСИТ, секторот во 2025 година бележи раст од 7,02 проценти на приходите и 7,13 проценти на извозот во однос на претходната година. Во индустријата работат 24.134 вработени во вкупно 3.367 активни компании.
Особено значаен е долгорочниот тренд на раст. Во периодот од 2020 до 2025 година, приходите на ИКТ секторот се зголемиле за 80 проценти, од 985 милиони евра на 1,77 милијарди евра, додека извозот пораснал за дури 193 проценти, од 231 милион евра на 676 милиони евра. Во истиот период бројот на вработени е зголемен за 44 проценти, а бројот на компании за 42 проценти.
„Овие бројки потврдуваат дека ИКТ секторот одамна не е само една од перспективните индустрии во земјата, туку еден од клучните носители на економскиот развој, извозот и висококвалификуваните работни места. Растот што го гледаме во изминатите години е резултат на континуирани инвестиции во луѓе, знаење и иновации, но и доказ дека македонските компании успешно се натпреваруваат на меѓународните пазари“, изјави претседателот на МАСИТ, Јордан Димитриевски.
Анализата покажува дека ИКТ секторот учествува со околу 4,5 проценти во бруто-домашниот производ на државата и расте речиси двојно побрзо од вкупната економија. Додека вкупниот економски раст изнесува 3,8 проценти, секторот бележи раст од 7,4 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
-

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500
