Маск формира нова политичка партија во САД
Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција.
– Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една!, објави Маск на Икс, додавајќи оти партијата треба „ја врати слободата на народот“.
Најавата за нова политичка партија доаѓа по нарушените односи на Маск со американскиот претседател Доналд Трамп поради Законот за трошоци
Американска партија, според достапните информации, ќе се залага за намалување на буџетскиот дефицит, дерегулација, слободна трговија и имиграција на висококвалификувани работници.
Маск одигра клучна улога во претседателската кампања на Трамп во 2024 година, донирајќи повеќе од 250 милиони долари, а по изборите беше именуван за специјален советник на претседателот и де факто раководител на новосоздадената Канцеларија за владина ефикасност (ДОГЕ), чија цел беше да се намалат владините трошоци и бирократијата. Тој го напушти ДОГЕ на крајот на мај.
Ново на Сител
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар