Македонија
2. July 2025 - 16:39

Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани

Повеќе пари за повисоки плати во МВР, законско зголемување на пензиите, нови вложувања во одбраната, помош за општините, но и поголеми капитални расходи за ифраструктурни инвестиции. Пари за овие намени во државната каса ќе влегуваат од неданочни приходи: такси, концесии и приходи оставрени преку Народната банка. Ова според Министерството за финансии се клучните компонентни на ребалансот на буџетот кој од оденеска влегува во собраниска расправа. 

Владата тврди дека останува на проектираните бројки...3,7 отсто раст и стабилна 2,8 отсто инфлација. Јавниот долг не би требало да ја помине рамката од 62 отсто од БДП, а дефицитот се поставува на граница од 4 отсто од БДП.

За опозицијата ребалансот е фикалсно нереален, социјално штетен и без развојна компонента. СДСМ забележува дека со него нема пари за повисоки плати, а во пензискиот фонд се зголемува финансиската дупка.

СДСМ ќе го поправа ревидираниот буџет со 160 амандмни, во кои главно предлага 15 милиони евра за поддршка на настраданите во Кочани, реновирање и опремување на кочанската болница, медицинска опрема за повеќе болници, зголемени стипендии за учениците, но и 10 отсто повисоки плати за наставниците. 

Од фискалниот совет со препорака да се внимава на дефицитот.

Според Деловникот, расправата за ребалансот и над 200 поднесени амандмни трае најмногу 13 дена. Потоа, финасискиот документ се враќа во Владата на доработка, а потоа во рок од 10 дена треба да стигне финалната верзија пред пратениците. Расправата на пленарна седница трае 3 дена. Ребалансот се очекува да биде изгласан најдоцна до 1 август.