Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција

Американскиот мултимилијардер Илон Маск повторно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се повлече од функцијата.
- Време е Зеленски да си оди, Без повлекувањето на Володимир Зеленски ќе продолжат масовните убиства, објави Маск на Икс.
Сателитска мрежа на Маск има клучна улога во руско-украинскиот конфликт, особено за комуникациите на фронтот.
Украина претходно соопшти дека е ограничена во користење на сателитските услуги на сопственикот на „СпејсИкс“ (SpaceX), што го попречило дејствувањето на беспилотните летала и воздушната одбрана на Киев.
Маск тврди дека секое забавување на мрежата се должи на американската влада, а не на неговата компанија „СпејсИкс“.
Маск посочи дека услугата „Старшилд“ (Starshield) е наменета за армијата и Украина ја користи за нејзините операции на фронтот и одбрана, додека „Старлинк“ (Starlink) е наменета за цивилни цели.
И двете услуги се дел од сателитскиот систем развиен од „СпејсИкс“.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
