Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло

Десетици илјади навивачи ја пречекаа норвешката фудбалска репрезентација синоќа во Осло, одбележувајќи го најуспешниот настап на земјата во историјата на мундијалските турнири.
Норвешка на тековното Светско првенство прв пат во својата историја дојде до четвртфиналето во кое на драматичен начин загуби од Англија по продолженија.
Според полицијата, околу 100.000 навивачи се собрале изминатата ноќ во центарот на престолнината да ги пречекаат норвешките фудбалери.
Плоштадот на Кралската палата беше преполн кога норвешкиот тим седна пред насобраниот народ, отпоздравувајќи со викиншко веслачко навивање додека скандираа „ру“ (веслање на норвешки), што стана уникатен ритуал на норвешките навивачи за време на Светското првенство.
„Неверојатно е да се види целата поддршка што ја добиваме и како целата земја нè поддржува. Толку многу радост, насмевки и добро расположение. Навистина е одлично“, изјави норвешкиот капитен Мартин Одегард, за јавниот радиодифузен сервис НРК.
Ѕвездата на норвешката репрезентација Ерлинг Халанд не беше присутен на прославата со навивачите, но присуствуваше на приемот што претходно за фудбалерите го организираше кралот Харалд.
МИА
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
