Масовни протести во Словачка: Десетици илјади против Владата на Фицо на годишнината од Кадифената револуција

Десетици илјади луѓе се собраа синоќа во словачките градови за да протестираат против Владата на левичарскиот националистички премиер Роберт Фицо, јави ДПА.
Демонстрациите беа одржани по повод 36-годишнината од Кадифената револуција против комунистичкиот режим на тогашна Чехословачка.
На протестите повикаа опозициските партии и групите на граѓанското општество, вклучувајќи ја и иницијативата „Мир за Украина“.
Организаторите соопштија дека до 50.000 луѓе го истрпеле дождот за да се соберат на плоштадот Слобода во Братислава, спроти седиштето на Владата.
Учесниците го одбележаа падот на комунистичкиот режим и побараа посилна поддршка за Украина.
Демонстрантите скандираа „Доста ни е од Фицо“ и држеа транспаренти со кои повикуваа на прекин на трипартиската коалиција што ја предводи тој.
Демонстрантите ја обвинија Владата за поткопување на демократијата и ги критикуваа неодамнешните мерки за штедење насочени кон намалување на високиот јавен долг на Словачка.
Лидерот на либералната опозиција Михал Шимечка, чија партија изби пред партијата Смер (Насока) на Фицо во неодамнешните анкети на јавното мислење, направи паралела меѓу минатото и сегашноста во својот говор.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
