Матичните почнаа да издаваат рецепти за кои досега се одеше на специјалист
Профункционира реформата на министерството матичните да можат да пропишуваат терапија за 5 хронични болести за кои досега пациентите мораа да одат на специјалист. Здравствените власти уверуваат дека оваа мерка е за доброто на хронично болните и нивните семејства да не се малтретираат, а ќе бидат растеретени болниците и клиниките.
- Според нашите анализи, околу 30 отсто од пациентите кои дневно доаѓаат на Клиника, доаѓаат кај специјалисти за продолжување на терапија или услуги кои со оваа реформа ќе може да ги добијат кај својот матичен лекар. Ова е огромен чекор кон растеретување на гужвите, олеснување на работата на клиниките и во крајна инстанца, поквалитетни услуги за пациентите, како и подобри услови за лекарите, изјави Фатмир Меџити, министер за здарвство.
Засега станува збор само за 5 лека за исто толку болести: покачен притисок, дијабетес, астма, хобб и хипотироидизам. Координаторот на реформите во примарното здравство најавува дека листата на лекови ќе се проширува согласно имплементацијата на протоколите и опремувањето на ординациите. Следно е матичните да можат да издаваат лабораториски упати за испитување на повеќе параметри за кои сега е потребен специјалистички печат. Ова се планира за еден месец.
- За кратко време ќе почне да се препишуваат лабораториските упата. Споменавте дали ќе се прошири листата на лекови – да, ќе се прошири, меѓутоа согласно онаа програма која што ја имаме зацртано во реформите – да обезбедиме пред се квалитет преку веќе искреирани протоколи коишто ќе гарантираат точно кога и како може да се препишуваат одредени лекови, изјави д-р злате Мехмедовиќ, Координаторо на реформите во примарната здравствена заштита.
- Сите ќе имаат бенефит, бенефит ќе имаат сите хронични пациенти и нивните семејства и дека ова е за поздрав, рече Марта Тунџева, матичен лекар.
Реформите во примарното здравство треба да бидат импелментирани во следните 3 години, а целта е пациентите да добиваат повеќе услуги кај матичните лекари за што министерот најави дека ќе бидат дополнително стимулирани.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар