Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се договори со раководството на англискиот првак за продолжување на соработката, јавија денеска британските медиуми, наведувајќи оти шпанскиот стратег со новиот договор ќе има многу повисока плата и бонуси.
Договорот на Артета истекува на крајот од сезоната, а разговорите за продолжување на соработката траеја неколку месеци.
Засега нема прецизни информации околу временската рамка на новиот договор, но речиси е сигурно дека Артета ќе остане во клубот најмалку десет години, откако му се приклучи на Арсенал во декември 2019 година.
Како дел од новиот договор, Артета ќе добие значително зголемување на неговата сегашна плата од 10 милиони фунти годишно и дополнителни пет милиони фунти во бонуси. Минатата недела, Артета, зборувајќи за продолжување на соработката, рече дека навивачите не треба да бидат загрижени бидејќи тој сака да остане во клубот и оти е исклучително среќен и благодарен на луѓето со кои работи.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
