Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во интервју за повеќе медиуми изјави дека светот станал многу опасно место, но оти Москва не сака глобален конфликт.
- Ситуацијата е многу опасна. Изгледа се намалува прагот на болка. Не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Но, не може да се исклучи глобален судир, наведе Медведев за ТАСС, рускиот воен блогер „ВарГонцо“ и Ројтерс.
Според него, предлогот на европските сили за распоредување трупи од земјите на НАТО во Украина како дел од предложените безбедносни гаранции и евентуален мировен договор е неприфатлив за Москва.
- За какви гаранции можеме да зборуваме ако странски контингент од непријателски земји на НАТО е стациониран на територијата на таква држава, посочи Медведев, додавајќи оти дека условите на Русија за завршување на конфликтот не се променети од 2024 година.
Медведев истакна дека Русија не се бори против украинскиот народ и украинската држава, туку се спротивставува на антирускиот режим во Киев.
- Никогаш не сме рекле, и секако, ова е апсолутно лажно, дека ова е конфликт со украинскиот народ или дури и со украинската држава. Со целата специфичност на оваа држава, која се појави како резултат на процесите на распадот на Советскиот Сојуз. Зборуваме за режимот што постои таму. Тој режим е антируски по природа. Користи цела низа неприфатливи фашистички модели за да создаде внатрешно единство. А овој режим се заснова на зоолошка омраза кон луѓето, кои не ја делат неговата идеологија. За стабилноста на меѓународните односи, исклучително е важно овој политички режим, нагласувам не државата, туку политичкиот режим што моментално постои во Украина, дури ни персонифициран од никого, едноставно да исчезне, рече Медведев.
Тој одговарајќи на прашања за Венецуела и за Гренланд наведе дека сето тоа едноставно било „премногу“.
Медведев, коментирајќи го приведувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро од страна на американските сили, потенцира дека ако некоја странска сили го „киднапирал“ Трамп, тоа за Вашингтон би било чин на војна.
Поранешниот руски претседател ги негираше тврдењата на Трамп за руска и кинеска закана по Гренланд, како лажни „хорор приказни“ измислени од западните лидери за да ги оправдаат сопствените постапки.
Медведев, според странските дипломати, е истакнат јастреб, познат по острите изјави кон Киев и западните сили и предупредувањата дека постои опасност од ескалација на војната до нуклеарна „апокалипса“.
Руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година предизвика најголема конфронтација помеѓу Москва и Западот од завршувањето на Студената војна. Специјалните претставници на Трамп се обидуваат преку преговори да стават крај на руско-украинската војна.
МИА
Ново на Сител
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
