Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
Излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт значи дестабилицација во редовите на Ахмети...ова е почетокот на нивниот крај , вели вицепремиерот Изет Меџити. Нивна цел зошто се обединија е доаѓањето на власт, а не иделошката блискост. Отакако ја одбија понудата на Ахмети да излезат од владата, Меџити вели дека немал никаков контакт со Тачи, но најавува преминување на пратеници на страната на парламентарното мнозинство.
Тачи пак не доставил писмено известување дека ќе делува независно во Парламентот, а не е ниту достапен за коментар. А дали и Фатима Османовска, претседателката на Унија на Ромите му врти грб на ДУИ и фронтот од партијата на Ахмети не одговараат. Ниту таа, ниту Тачи беа на последниот партиски собир на Фронтот.
ДУИ не сака јасно да одговори дали Тачи и дефинитивно го напушта бродот на Ахмети. Велат пратеничката група во Парламентот била единствена. Дали се за затворена седница на која би се дискутирало за македонските интеграции ќе одлучувале партиските органи.
Меџити како еден од лидерите на ВРЕДИ вели дека опозицијата имаше време да направи многу, а не сега да бара затворена седница.
Претседателката на државата Силјановска вели дека СДСМ доцна се сетиле за ваква седница...Но според неа нема потреба доколку таа се случи да биде затворена за јавноста.
Опозицискиот лидер Филипче понуди на затворена седница власта за да разговараат за интеграцијата на Македонија во ЕУ, откако ЕК одлучи да ја раздвои од Албанија во следната фаза. Премиерот Мицкоски најави дека ќе го анализирал предлогот и конкретна позиција ќе имало наскоро.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
