Меѓаши ја осуди злоупотребата на деца во Кочани за промовирање субјекти кои ја загадуваат животната средина
На денот на пролетта учениците кои се вклучиле во акцијата за пошумување на 4 ха во Кочани биле изманипулирани и злоупотребни за промовирање на субјетки кои ја загадуваат животната средина, обвини претседателот на детската амбасада Меѓаши, Драги Змијанац.
Децата носеле маици со логото на фабриката Пејпер мил, за која еколошките организации и граѓаните тврдат дека е најголем загадувач на градот.
-Со високо морална свест на децата да го пошумуваат градот и многу е активистички и еколошки детското учество во пракса, меѓутоа кога забележавме дека се носат маици со најголемиот загадувач во Кочани, бевме разочарани и моравме да реагираме. Дојдовме овде за да дадеме поддршка на граѓаните да кренат гласот- изјави Драги Змијанац, претседател на Детска амбасада „Меѓаши“.
Граѓаните го креваат гласот цел еден месец, протестирајќи секое попладне пред влезот на фабриката, а се организираа и неколку масовни протести. Сега еко активистите бараат да се постави мерна станица во близина на фабриката, ревидирање на А интегрираната дозвола и изградба на пречистителна станица за отпадните води од фабриката за хартија.
Собраните потписи од петицијата ќе бидат доставени до надлежните институции и странските амбасади.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар