Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE

Припадник на американската Служба за имиграција и царина (ICE) застрелал мексикански државјанин при инцидент во кој биле вклучени федерални агенти, соопшти синоќа американското Министерство за внатрешна безбедност.
Лицето за кое се тврди дека илегално престојувал во Соединетите Американски Држави, одбило да ги следи наредбите на службениците додека се наоѓало во своето возило, соопшти Министерството во објава на платформата „Икс“. Според наводите, тоа прво со своето возило удрило во возило на агентите, а потоа се обидело со автомобилот да прегази еден од нив, по што агент на ICE отворил оган.
Застреланиот бил пренесен во болница, но им подлегнал на здобиените повреди, соопшти Министерството, кое отвори внатрешна истрага за инцидентот, додека Канцеларијата на ФБИ во Хјустон го истражува наводниот напад врз федерален службеник.
Не се наведуваат детали за тоа како Лоренцо Салгадо Араухо наводно илегално престојувал во САД.
Во слични случаи во минатото, видео-снимките од активностите на слубжениците на полициските и федералните служби предизвикаа сериозни сомнежи по однос официјалните верзии за околностите на настаните.
„Ен-Би-Си њуз“ соопшти дека неколку сведоци го снимиле инцидентот со фотографии и видеа.
Во јануари, федерални агенти ги застрелаа и усмртија американските државјани Рене Гуд и Алекс Прети. Некои од интервенциите на агентите предизвикаа сериозно незадоволство низ целата земја.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
