Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европа треба да најде начин повторно да стане доминантна сила за да се наметне во новонастанатиот светски поредок доминиран од неколку моќни играчи.
Според него, Европа ќе можат да ги спроведат своите идеи само „ако самите научиме да го зборуваме јазикот на политиката на моќ“.
- Европа изминатите децении беше политичката сила што инсистираше на владеењето на правото како основа за односите меѓу државите и народите, истакна Мерц пред германските пратеници.
Тој се осврна и на обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд и го пофали обединетиот одговор на европските сојузници во НАТО.
Трамп ги отфрли заканите за воведување царини во спорот или дури и стекнување на територијата во сопственост на Данска со сила откако европските нации се заканија со контрацарини.
- Ова искуство накратко им овозможи на Европејците да ја почувствуваат радоста на самопочитувањето, посочи Мерц, додавајќи дека „оваа новооткриена самодоверба“ сега мора да се искористи за справување со понатамошни проблеми.
МИА
Ново на Сител
-

Петиција до МВР: Со Сејф сити да се детектира и казнува фрлање отпушоци и отпад од возилата
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Одлуката на САД ќе погоди многу мал дел македонски државјани
-

СДСМ: Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија
-

Средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание по вчерашната лидерска средба
-

Новоизбраните членови на Судскиот совет дадоа свечена заклетва
-

Министерството за економија ќе организира средба со угостителите за законот за заштита од пушење
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
