Петиција до МВР: Со Сејф сити да се детектира и казнува фрлање отпушоци и отпад од возилата
Со „Сејф сити“ да се детектира и казнува фрлање отпушоци и отпад од возилата. За почиста Македонија испратија петиција потпишана од над илјада граѓани до Влада и МВР за унапредување на системот Безбеден град. Тие велат дека токму отпушоците се честа причина за евентуален пожар, но и ја загадуваат средината.
Гапо вели дека камерите веќе ја имаат потребната технологија, и за оваа надоградба нема да бидат потребни високи дополнителни трошоци.
Од Министерството за внатрешни работи за Сител велат дека допрва ќе се разгледува, па потоа ќе се носи одлука.
Секој предлог или иницијатива која пристигнува во Министерството за внатрешни работи соодветно се разгледува и анализира од стручните служби во Министерството по што се носат соодветни решенија односно заклучоци. Во моментов нема технички можности да детектира и регистрира прекршоци како што се фрлање на отпад од возила и фрлање на отпушоци од цигари од возила.
Од европските земји, Велика Британија е една меѓу повеќето во која оваа пракса успешно се спроведува. Тамошните власти честопати ги казнуваат оние кои фрлаат отпушоци и отпад од возилата, уловени преку мрежата на градските камери и оние за сообраќај.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
