Мерц ја повика Русија да запре со „опасните провокации“ откако паднаа три ракети во Полска

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изрази загриженост поради падот на три руски крстосувачки ракети во Полска, оценувајќи дека Русија мора веднаш да запре со „опасните провокации“.
Мерц ја даде изјавата по средбата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Берлин.
- Полска може да смета на нашата целосна солидарност. И ако биде потребно, НАТО, се разбира, ќе го брани секој сантиметар од територијата на сојузниците – изјави Мерц.
Тој додаде дека заштитата на надворешните граници на Европа и НАТО мора дополнително да се зајакне.
Руте оцени дека станува збор за опасен инцидент, кој очигледно потекнува од Русија.
Во петокот, за време на масовните руски воздушни напади врз западна Украина, три летечки објекти навлегле во полскиот воздушен простор и се урнале во југоисточниот дел на земјата. Во инцидентот нема повредени.
Според надлежното обвинителство во полскиот град Лублин, сите три објекти биле руски крстосувачки ракети од типот Х-101.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
-

Може ли најсиромашните да бидат поштедени од поскапувањето на струјата и парното?
