Мерц шокиран од шесткратното убиство во центарот за помош на млади во германскиот град Штаде

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство откако шест возрасни лица вчера беа застрелани во установа за социјална помош за млади во северниот град Штаде, јави ДПА.
„Веста од Штаде е длабоко шокантна“, напиша Мерц на Икс, додавајќи дека многу луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите биле убиени или повредени“.
„Моето сочувство е до жртвите и нивните семејства“, рече тој, исто така заблагодарувајќи им се на полицајците за нивната брза реакција.
Полицијата соопшти дека шест вработени во установата за социјална помош за млади биле убиени во вчерашниот напад.
Прелиминарните наоди сугерираат дека мотивот веројатно бил спор за старателство, наведуваат истражителите.
Осомничениот напаѓач, 45-годишен маж роден во Германија со турско потекло, бил уапсен подоцна попладнето додека бегал, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
-

Комората на вештаци со конкретни резултати по две години од основањето
-

Седница за пратенички прашања
-

Над два милиони евра ќе треба да вратат фирмите за брзи кредити на оштетените потрошувачи
-

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја
-

Студентите бараат 4.500 денари месечно за оброк, Владата најавува нов систем со двојно бенефиции
