Мерките против пандемијата ги намалиле заразните болести за повеќе од една третина
Подобрата хигиена и намалениот физички контакт за време на пандемијата на Ковид-19 доведоа до сериозен пад на други заразни болести, покажуваат податоците на институтот Роберт Кох.
Во периодот март-август 2020 година, бројот на овие болести се намалил за 35 проценти.
Најголем пад има кај вирусните болести кои се шират низ респираторниот тракт. Случаите на сипаници се намалиле за 85,5 проценти, а на голема кашлица (магарешка кашлица) – за 63,7 отсто. Слична е состојбата со ширењето на инфекции кои влијаат на гастроинтестиналниот тракт. Болестите предизвикани од ротавируси се намалиле за 83,3 проценти.
Исто така, значително се намалиле и случаите на и гастроентеритисот предизвикан од норовирус – за 78,7 проценти.
Во принцип, најголемо намалување на заразни болести има кај најмладите. Кај деца под четири години е 57 проценти, кај деца од 5 до 14 години 45 проценти, а за лица над 80 години 44 отсто.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга