Меси: Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, па и повеќе од тоа

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, по победата од 3:0 над Алжир ноќеска на Светското првенство во 2026 година, го потенцира своето уживање во фудбалот.
Триесет и осумгодишниот фудбалер постигна хет-трик, изедначувајќи се со Мирослав Клозе по бројот на голови во историјата на турнирот.
– Сè што доживувам во моментов е бонус. Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, и повеќе отколку што некогаш сум сонувал, и професионално и лично. Во моментов, само уживам, сум дел од одличен тим, се чувствувам добро и можам да се забавувам на теренот. Тоа е многу повеќе отколку што можев да замислам како дете, истакна Меси на официјалната веб-страница на ФИФА.
Аргентина освои три бода и се искачи на првото место во Групата Ј. Алжир е на последното место.
Во второто коло од Светското првенство 2026 година, Аргентина ќе игра против Австрија, додека Алжир ќе се соочи со Јордан.
МИА
Ново на Сител
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
