„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“

Американската технолошка компанија „Мета (Meta)“ претстави нови модели на вештачка интелигенција – „Мјуз вондер“ и „Мјуз вондер фул“ (Muse Wonder / Muse Wonder Full), тврдејќи дека тие можат да им соперничат на најнапредните системи од „Опен-АИ“ и „Антропик“. Овој потег е дел од напорите на „Мета“ да го зајакне своето место во глобалната трка во развојот на ВИ.
Од „Мета“ изјавија дека новите модели се дизајнирани за сложени задачи што ВИ може да ги извршува во име на корисниците, вклучувајќи обработка на правни и финансиски документи, разбирање договори, решавање прашања поврзани со осигурување и развој на софтвер. Се планира наскоро и интеграција на новиот модел во личниот ВИ-асистент на „Мета“, првично – за претплатниците. Компанијата тврди дека моделите постигнуваат нивоа на перформанси споредливи со водечките системи во одредени тестови, иако овие проценки се засноваат на нејзините сопствени внатрешни анализи.
ВИ-моделот „Мјуз вондер“ е достапен за програмерите преку платформата „Мета Модел АПИ“ и програмската алатка „Мјуз код (Muse Code)“, додека понапредната верзија „Мјуз вондер фул“ е наменета за претплатниците на „Мјуз код“.
Така, една од клучните нови функции е „активната меморија“, којашто му овозможува на моделот да задржи важни информации од претходните разговори и да ги искористи во следните задачи. Функцијата „активен фокус“ е осмислена да му овозможи на моделот да работи на сложени задачи подолг временски период, да го прилагодува пристапот при наидување на проблеми и да ја продолжи работата по појава на грешка. Претставувањето на новите модели претставува значаен чекор во преобликувањето на стратегијата на „Мета“ за развојот на ВИ, по вложувањето милијарди долари од извршниот директор Марк Закерберг во компјутерска инфраструктура и стручен кадар, со цел компанијата да ја намали разликата во однос на конкурентите.
Акциите на „Мета“ пораснаа за приближно четири проценти за време на последното тргување.
Од „Мета“ наведоа и дека новите модели се развиени со фокус на кибербезбедноста и заштита на податоците, со оглед на тоа што ВИ-асистентите може да комуницираат со пораките, календарите и документите на корисниците. Сепак, нивната вистинска конкурентност допрва треба да се потврди преку независни тестирања.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
