Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ Никола Мицевски вели дека лидерот на СДСМ Венко Филипче е срам за политичката сцена за неговата партија поради, како што потенцира, говорот на омраза и неговите срамни навреди за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кого го нарекол идиот.
-Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба. Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци - рече Мицевски на денешната прес-конференција во Собранието.
Според него, ова е говор на уценет човек и ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница.
-Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар. Навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Инаку, Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар?, рече Мицевски.
Притоа потенцира дека координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудува говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче.
МИА
Ново на Сител
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
