Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
Можеби некој очекуваше по вчерашниот Извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуванме. Напротив, ќе продолжиме уште посилно и попосветено да работиме, ќе покажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и архитектите кои сакаат, не ќе можат да го попречат нашиот пат кон ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Во однос на критиките од опозицијата, тој напомена дека „луѓето кои распродадоа се што можеше да се распродаде во минатото, а што е идентитетска одредница, од знамето до името, немаат кредибилитет да судат и пресудуваат“. Оваа Влада, потенцира, се обиде да врати дел од загубеното и делумно успеа.
-Ова беше преседан, архитектура што се обидува да ја создаде една земја членка на ЕУ и тоа секако влијае врз имиџот на Унијата. Обидот беше целосно преименувуање на македонскиот идентитет и јазик од некои европратеници кои со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како „модерен“. Тоа не успеа зашто мнозинството европратеници ја прочитаа немерата, но успеа бришењето од Извештајот на македонскиот идентитет и јазик, она што беше усвоено на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ). Многу е поважно што Европа, светот и македонските граѓани видоа дека Договорот од 2022 година, прифаќањето на тогашниот Предлог, не е само лесна промена и интервенција во Преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство, туку проблемот е многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет и јазик на еден од најмалубројниоте народи во Европа од страна на Бугарија. Тоа за мене е чин без преседан и е се, само не е европска вредност. Не можам да прифатам како европретниците што вчера гласаа за бришење на македонскиот јазик и идентитет мирно ќе спијат, а им благодарам на тие 120 и нешто што гласаа против и на оние поеќе од 100 што се воздржаа од гласање, рече Мицкоски на новинарско прашање по настанот посветен на 80-годишнината од формирањето на Републичкиот Црвен крст.
Тој останува на ставот дека сите партии во земјава треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси и нивното претставување надвор иако од СДСМ, како што истакна, тоа не го очекува.
-Владата има обврска и кон граѓаните, но и кон сите останати да продолжи уште послино и попосветено да работи на внатрешните реформи, а истовремено и надвор од државата да се обиде уште погласно да ги артикулира аргументите и да биде фокусирана целосно, додека не бидеме дел од европското семејство, подвлече премиерот.
Ново на Сител
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд
-
Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили