Мицкоски: Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Владата настојува така да биде и по 1 јануари

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари - изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
-Приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност. Ние тоа го правиме во услови на најголема енергетска криза во светот која што човештвото ја памети. Секаде во регионот и во Европа цените на енергенсите пробиваат рекорди. Веќе имаме држави во Европа каде што цената на дизелот и безоловниот е поголема од 3 евра по литар. Ние сè уште сме под 1,6 евра по литар, благодарение на политиките на Владата. Во таа насока планираме да продолжиме и кога станува збор за електрична енергија. Се бориме и она кое што е наш приоритет да остане цената иста, да нема зголемување. Тоа впрочем го правиме во три регулаторни периоди. АД ЕСМ не е единствена којшто бара нивелирање на цени, тука се уште неколку компании, тука е операторот, тука е дистрибутерот, тоа е приватна компанија ЕВН. Можеби треба и нив да ги прашате како тие ќе се однесуваат - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на ново основно училиште во Ченто.
Премиерот не се согласува со ставот дека цената на струјата најмногу зависи од ЕСМ. Одговори дека нема да се понуди помала цена од 65 евра.
-Не, во овие услови какви што се денеска на берзите и 65 е трипати пониска од таа што ја плаќаат во соседството и граѓаните во Европа - изјави премиерот.
Мицкоски беше дециден дека Владата ќе се бори да ја постигне истата цена, дека до декември цената на електричната енергија нема да се зголемува.
-Од 1 јануари да почекаме што ќе кажат енергетските компании, па ќе видиме. Јас не можам да ја прејудицирам одлуката на Регулаторната комисија - рече премиерот.
Премиерот кажа исто така и дека не се планираат измени во тарифните блокови за електрична енергија.
МИА
Ново на Сител
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов
-

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
-

Кривична пријава против 47-годишник од Гостивар, нападнал двајца полициски службеници
-

Кривични пријави против поранешен директор и седуммина вработени во УХМР: Злоупотреби од речиси 488.000 евра
-

Мицкоски: Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата, случајот ќе го отвориме и пред партнерите во НАТО
