Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти

На владина седница денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти - информира премиерот Христијан Мицкоски.
-Мерки веќе имаме — намалени акцизи и за дизелот и за безоловното гориво. Во текот на денот денеска ќе имаме повторно владина седница преку видео-врска и ќе донесеме уште една мерка, а тоа е намалување на данокот на додадена вредност за дизел горивото од 18 на 10 проценти, со што очекуваме наместо да има драматично зголемување, да има намалување на цената на дизел горивото. Секако, тоа ќе има некакви импликации врз буџетот, но она што е наш интерес како Влада е да го штитиме колку можеме и умееме и знаеме стандардот на граѓаните - рече Мицкоски на поставувањето на камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес.
Премиерот потенцира дека земјава има најниска цена за горивата во однос на граѓаните од соседските држави.
-Ќе се бориме, не е лесно. Имаме, видите, светски предизвици, неколку војни во нашето најблиско соседство, најголема енергетска криза којашто човештвото ја памети, но ете, жилави сме, ќе се бориме. Имаме сè уште, и ќе остане така, убедливо најниска цена за горивата. Дали е таа во суштина ниска кога плаќате 95-96 денари по литар дизел или 100 денари? Не е, но е поевтина од таа што ја плаќаат во соседството каде што е 150 денари, да речеме. Е поевтина каде што ја плаќаат во поширокото соседство 180 и така натаму. Така што, она коешто за нас е важно е да дадеме сè од себе за да го штитиме колку можеме стандардот на граѓаните - нагласи премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
