Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека првпат се согласува со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија.
- Јас можам првпат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето што ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што, еве првпат можам да се согласам дека не сме исти. И, точно, граѓаните може да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ, кое го води куклата на оние што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ - рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дадена од претседателот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, дека не се исти.
Во врска со изјавите на раководството на СДСМ дека не сакаат да бидат алиби за предвремени избори, Мицкоски истакна дека опозицијата не знае што сака и постојано тактизира.
- Го знаете и нашиот став и ставот на Владата, а тој е дека нејзиниот мандат е четири години. Од она што можам да го видам, опозицијата бледо тактизира кога станува збор за предвремени избори или за меѓуизбори. Но, тоа е што е. Нашиот мандат како Влада е четири години и наш приоритет се граѓаните, интересот на граѓаните и проектите и реформите што треба да ги испорачаме и кои граѓаните ги очекуваат од Владата и она што го испорачуваме во изминатите 25-26 месеци откако оваа Влада е избрана - рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
МИА
Ново на Сител
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
-

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
